Д-р.Гојче Николов e специјалист ортодонт, кој повеќе од 30 години успешно ја извршува својата работа. Дипломирал на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 1986г а веќе во 1993 година ја завршува и специјализацијата од областа на Ортодонција, исто во Скопје. Д-р.Гојче Николов е сертифициран DAMON доктор и повеќе од десет години работи со Damon System фиксни ортодонтски протези.